Македонска Асоцијација на модерни танци

МАМТ е непрофитна организација формирана од претставниците на три танцови клубови: Брејк А Лег, Аква Денс Клуб и Прима Данца во Декември 2011та година.

Цел и задача на МАМТ е развој и промовирање на Модерните Танци и танцовата уметност во Македонија во сите негови форми.

Основните цели на МАМТ се физичките , културните и образовните придобивки остварени преку организирање натпревари на сите нивоа, спонзорирање предавања и работилници, доделување сертификати и стипендии , а се со цел да се подобри стандардот на Модерните Танци во Македонија како на национално , така и на меѓународно ниво.

Да се поттикне , негува и да се зголеми јавниот интерес за уметноста на танцување и изведувачките уметности следејки ги правилата и прoписите на (ИДО) Меѓународната Танцова Организација.

Да се промовира конкурентност помеѓу танцовите клубови , членки на МАМТ и почитување на сите правила и прописи во рамките на системот за натпреварување на МАМТ.

Да се формулираат правила и прописи кои ке бидат во Согласност со постоечките правила и прописи на ИДО.

Да се прифати унифицираниот систем на ИДО за судење и оценување натпревари на сите нивоа во рамките на системот за натпреварување на МАМТ.

Клубови членки

Управен одбор

Трајче ПетковскиПретседател
Емилија ДостиноваПотпретседател
Илија КарадакоскиГенерален Секретар
Панче ДимовМаркетинг
Ана Маркоска
МАМТ СЕ ЧЛЕНОВИ НА INTERNATIONAL DANCE ORGANIZATION